Несторовски му даде два гола на Вараждин, вториот неоправдано му е поништен! (ВИДЕО)

Илија Несторовски блескаше во првото полувреме од мечот меѓу Вараждин и Славен Белупо кое гостите го добија со 1-0.

Македонскиот напаѓач во 31. минута погоди за водство на Славен Белупо од 1-0.

Во самиот финиш од првото полувреме Несторовски даде уште еден гол, но контроверзно му е поништен. 

Ако судиите мислеа дека има офсајд од неговиот соиграч кога Несторовски шутираше со глава, тоа не беше случај.