Навивачите огорчени од изборот на Канаваро: Некој смислено го уништува Динамо
Иако и со Бјелица екипата немаше којзнае какви резултати и есенската полусезона ја заврши на третата позиција, навивачите се огорчени од назначувањето на Канаваро кој нема големи тренерски достигнувања и најголемиот успех му е тоа што беше селектор на Кина. Веднаш по информацијата дека тој ќе го води Динамо, социјалните мрежи беа преплавени со коментари од навивачите на загрепскиот тим.
„Срамотно, освен ако тој не се соблече да игра стопер. Сега избркајте ги Качавенда, Стојковиќ, Куленовиќ, Пјаца... и донесете Пападопулоси, Калељи, Мачада, Андерсони и да можеме пак да губиме од Скендербег, Шериф итн“.
„Секоја чест за Канаваро, но според мене нема да биде ништо подобро, а платата веројатно ќе му биде астрономска. Подобро да најдеа некој наш тренер или Кек кој го познава нашиот фудбал и менталитет“.
„Некој смислено го уништува Динамо“.
„Честитки за уништувањето на Динамо во полусезоната. Каков 'мртов' Канаваро, какви резултати направил тој, кого тренирал... Можевте и Роналдињо да го донесете ако сакавте звучно, а не стручно име“, беа некои од коментарите на фановите.
Она што е интересно, двата најпознати хрватски клубови сега ќе бидат предводени од италијански играчки легенди. Џенаро Гатусо и Фабио Канавро долго време заедно играа во италијанската репрезентација и, меѓу другото, ја освоија шампионска титула на Светското првенство во 2006 година.