На мали дечиња им брцаа во гаќи барајќи пиротехника! (ВИДЕО)

Јавноста во Хрватска остана згрозена од случувањата на стадионот „Максимир“ во Загреб пред дуелот помеѓу Динамо и Горица.

Обезбедувањето на влезот на стадионот на северната трибина ги темелно и непрописно ги претресуваше дечињата кои беа дојдени со своите татковци. На видео објавено на социјалните мрежи се гледа како редарската служба ги тера дечињата да ги соблечат патиките, а потоа дури им брцаат и во гаѓи во случај да не носат недозволени предмети како факели и друга пиротехника. Целата ситуација е бизарна и страшна со оглед на фактот дека се работи за мали деца од седум или осум години. Многу од родителите беа револтирани и веднаш си заминаа од стадионот. Некои од децата беа толку исплашени што почнаа да плачат, објавуваат хрватските медиуми. 

Во целиот случај се вклучи и детскиот народен Правобранител на Хрватска и од неговата канцеларија веќе се истражува случајот за ваквиот однос на редарите. Фудбалскиот клуб Динамо преку официјално соопштение се извини за постапката и ја обвини редарската служба, која самите ја ангажирале.

„Изразуваме жалење за постапките на поединци од редарската служба, која немаше такви инструкции од клубот, непрофесионално и нетактички и надвор од секој разум вршеше претрес на мали деца. Се извинуваме на децата и нивните родители“, стои во соопштението на хрватскиот клуб.