„Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ не ни се потребни, само ја уништуваат атмосферата“

Познатиот српски менаџер Зоран Стојадиновиќ жестоко ги нападна ѕвездите на српскиот фудбал Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ и го посоветува селекторот Драган Стојковиќ да не ги повикува во иднина.

Двајцата го одбија повикот за настап во септемвриските дуели од Лигата на нации против Шпанија и Данска, пријавија повреди, но во исто време нормално тренираа со својот тим Ал Хилал. Стојадиновиќ смета дека тие само би ја влошиле атмосферата во репрезентацијата на Србија.

„Влаховиќ секогаш би го повикал, а ова останатото... Никој не ми недостасува, ако зборуваме искрено. Не само што не ми недостасува, туку мислам дека и атмосферата би била нарушена со тие играчи. Митровиќ го ценев како фудбалер, беше клуч на сите начи успеси, но ова повеќе не е Митровиќ што го знаеме. Милинковиќ-Савиќ го сакам, но помина неговото време. Сите го претрчуваат, годините го стигнаа и ја нема повеќе таа желба бидејќи парите го направија своето“, смета Стојадиновиќ.

Дали Пикси ќе го послуша ќе се знае веќе идниот месец кога Србија ја пречекува Швајцарија и гостува на Шпанија во Лигата на нации.