Мирчевски погоди против Сараево за реми на ТСЦ

Поранешниот напаѓач на Вардар и Академија Пандев, Мартин Мирчевски постигна гол за српски ТСЦ од Бачка Топола во пријателскиот меч против Сараево (1-1).

Мирчевски постигна гол за водство на ТСЦ во 12. минута со удар од белата точка, додека Сараево израмни на 1-1 во 77. минута преку Асмир Суљиќ.

Македонскиот фудбалер минатата сезона настапи на 13 меча за ТСЦ, при што постигна три гола и запиша една асистенција.