Милошевиќ си оди, нов селектор на БиХ ќе биде - Барбарез

Српскиот стручњак Саво Милошевиќ ја напушта селекторската функција во репрезентацијата на Босна и Херцеговина откако не успеа во баражот за пласман на Европското првенство.

Тој беше назначен минатата година со цел да го однесе националниот тим на континенталниот шампионат, но БиХ загуби од Украина и остана без историско учествона овие првенства. Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина на негово место ќе го постави поранешниот репрезентативец и капитен на репрезентацијата Сергеј Барбарез иако тој нема никакво тренерско искуство бидејќи никогаш не водел екипа.

Некогашниот напаѓач ќе потпише договор на четири години, а во стручниот штаб, покрај него ќе бидат уште неколку легенди на босанскиот фудбал: Емир Спахиќ, Ведад Ибишевиќ, Златан Бајрамовиќ и Кенан Хасагиќ.