Милко Ѓуровски после 30 месеци повторно ќе биде тренер и тоа во – трета лига!

Македoнската фудбалска легенда Милко Ѓуровски после две ипол години повторно се враќа на тренерската работа, откако се согласил да го води словенечкиот третолигаш Вержеј, кој има амбиции прво да стигне до вторта лига, а потоа и да игра во словенечката елита.

Ѓуровски, кој имаше блекскава и бурна кариера, откако ги закачи копачките тренираше низа клубови во Словенија (Драва, Нафта, Марибор, Заврч...), како и клубови во Македонија (Вардар, Беласица). Последен клуб му беше Славија Сарајево, а сега по две ипол години пауза повторно седнува на клупата.

Ѓуровски е бивш македонски и југословенски репрезентативец, но за разлика од извонредната кариера во која играше и за Црвена Звезда и за Партизан, а потоа во холандски Гронинген не успеа да направи тренерска кариера како фудбалската.