Манчестер сити нуди 12 милиони евра за 16-годишен фудбалер на Хајдук

Младиот Лука Вушковиќ е еден од најталентираните хрватски фудбалери, а во моментов игра за Хајдук Сплит, но тоа наскоро би можело да се промени затоа што за неговите услуги е заинтересиран Манчестер сити.

Бисерот на Хајдук привлече големо внимание, откако ги покажа своите вештини на теренот, па новинарот Давид Орнштајн објави дека „граѓаните“ испратиле понуда од 10 милиони евра плус два милиони во бонуси за неговиот потпис.

Доколку се реализира овој трансфер, тогаш тоа ќе биде рекорд за Хајдук, кој претходно го продаде Никола Влашиќ за 10,8 милиони евра.