Македонија во 2036 ќе биде домаќин на фудбалското ЕВРО!? (ВИДЕО)

Во европските фудбалски кругови се јавуваат гласини за можна заедничка кандидатура на балканските земји за Европското првенство во 2036, дел од оваа организација треба да биде и Македонија.

Според шпекулациите кои се појавуваат во последните месеци, домаќини на ова првенство би можеле да бидат Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Грција и Албанија.

Таков модел би овозможил големо натпреварување за првпат во историјата да се организира дури од шест држави во регионот.

Во случај УЕФА да прифати таква кандидатура, сите шест домаќини автоматски би се пласирале на завршниот турнир. 

Истовремено, се почесто се зборува за проширување на Европското првенство од 24 на 32 репрезентации. Тоа би било по примерот на Светските првенства кои се организираа од 1998 до 2022 година.

УЕФА на тој начин со дополнително зголемување на бројот на учесници би ја зголемила и пазарната вредност на натпреварувањето.

Засега ова се само гласини и идеи, УЕФА уште не донела одлука за домаќин на ЕП 2032, ниту за проширување на турнирот. Сепак доколку Балканот ја добие организацијата, тоа ќе биде историски момент за овој регион.