Мајсторот од Орашје: Моите „ножички“ се поубави од тие на Роналдо!

Само еден ден откако Кристијано Роналдо го воодушеви светот со „ножичките“ против Јувентус во победата со 3-0, нова велемајсторија дојде од Втората лига во Босна и Херцеговина. Таму, фудбалер на Орашје ги ископира „ножичките“ на најдобриот фудбалер на светот.

Антонио Видовиќ го воодушеви регионот со мајсторскиот погодок, за кој вели дека е потежок од тој на Роналдо.

„Како да кажам, голот беше по прекрасен центаршут и почувствував во тој момент дека можам да дадам гол со 'ножичи'. Се погоди ептен да дадам таков гол само еден неде откако Роналдо го даде тој со Јувентус. Мислам дека мојот гол е од потешка ситуација, зошто Роналдо доби топка точно каде што стоеше, а јас морав да се враќам кон топката. Башка мојот гол е од 13-14 метри, а на Роналдо од само седум-осум метри...“, рекол Видовиќ за босанските меидуми.