
Легендата Илија Најдоски стана главен скаут на Ц. Звезда за Македонија
Македонската легенда пред многу години беше член на Собранието на белградскиот гигант, а сега има една нова, поинаква улога во црвено-белите, а назначен е за главен скаут на Ц. Звезда од ноември.
„Повторно сум во Ц. Звезда, годините поминати во тој дрес, животот во Белград будат посебни емоции кај секој од нас од таа славна генерација која стана европски првак во Бари. Сега сум во нова мисија, зашто мислам дека на еден друг начин можам да му помогнам на мојот клуб. Од ноември сум главен скаут на Ц. Звезда за Македонија, која секогаш била непресушен извор на фудбалски таленти. Мислам дека можам да помогнам. Ги следам сите лиги од младински до сениорски, сакам да ги видам на дело фудбалерите, како фудбалските, така и човечките“, вели Најдоски за српските медиуми.
Како главен скаут, Најдоски веќе направил мрежа со која соработува, а уште една македонска легенда, кој остави белег во Белград, Митко Стојковски е приклучен во комплетната скаутска мрежа за Македонија.
„Направив мрежа на луѓе со кои ќе соработувам, па така Митко Стојковски е задолжен за регионот околу Битола, работам со млади и вредни тренери. Секој фудбалер кој би го пратиле во Ц. Звезда ќе мора да знае дека не е лесно да се носи тој дрес“, додава Најдоски.
Легендарниот дефанзивец до пред година ипол беше технички директор на Вардар, по што си замина откако најтрофејниот македонски клуб влезе во сериозна криза која кулминира во последните шест години.