Косово го „шутна“ Шаланде по синоќешниот пораз од Грузија

Бернар Шаланде повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Косово. Искусниот швајцарски стратег доби отказ по поразот од Грузија синоќа во квалификациите за Светското првенство. 

Тој беше под силен притисок на јавноста уште минатата година, кога Косово загуби од Македонија во полуфиналето во баражот за Европското првенство. Сега откако Косово нема никакви шанси во квалификациите за Светското првенство во Катар доби отказ од функцијата.

Косово синоќа на свој терен загуби од Грузија со 1-2, што и официјално е последниот натпревар на Шаланде на клупата. Тој стана селектор на 2.март 2018 година и ја водеше репрезентацијата на 40 натпревари со скор од 18 победи, 8 ремија и 14 порази.