Кипарците му симнуваат капа на Македонецот: Јаневски е чудо, што фати - позлати!

Вардаровата легенда, бившиот тренер на црвено-црните и екс-македонскиот селектор Чедомир Јаневски испиша историја со кипарски Олимпијакос, откако првпат во историјата овој клуб ќе игра во плејофот за титула, па вчерашната победа го стави во фокус македонскиот тренер, а кипарските медиуми му – симнуваат капа.

„Чедомир Јаневски уште еднаш направи чудо. Што фати позлати! Остава наследство на островот како ретко кој странец“, е првата констатација на кипарските медиуми, откако Олимпијакос влезе во групата за титула, откако македонската легенда откако дојде со три победи и пораз му обезбеди место во елитното друштво на својот тим, кој пред да дојде имаше девет меча без победа – седум порази и две ремија.

„Кога дојде првпат во Енозис, го однесе овој клуб до шестата позиција, но најмногу од сѐ на Кипар го донесе Иван Тричковски, а овој сите знаеме што сз направи на Кипар од АПОЕЛ па се досега со АЕК. Следната сезона, Јаневски можеби немаше слична сезона, ама ни го донесе Алекс Да Силва, еден од најдобрите странци кои воопшто играле во кипарскиот фудбал. Минатата сезона се врати на Кипар, пак во Енозис, а кога дојде во јануари тимот имаше две победи, пет ремија и девет порази. Што направи потоа? Комплетна промена – три победи, три ремија и пораз во седум меча до прекинот на сезоната. И тоа пораз од шампионот Омонија. И еве сега повторно исто. Пак дојде на Островот, го презема Олимпијакос кратко пред ремито со Омонија (1-1) и оттогаш има три победи и пораз, а тимот имаше седум загубени и две ремија во последните девет меча. Вистинско чудо. Што и да одбере Чеде, очигледно е дека тимот потоа процветува, а тој само покажува колку голем тренер е!“, пишуваат кипарските медиуми.

Јаневски зимава дојде во Олимпијакос и потпиша договор до крајот на сезоната, а веќе се поставува прашањето за нова соработка. Македонскиот тренер, најави дека последната победа гордо ќе ја прераскажува на внуците.

„Ќе ја паметам оваа победа и ќе ја прераскажувам на внуците. Многу сум горд, сакам да им честитам на сите, зашто навивачите ги направивме горди. Нов договор? Ќе разговараме со управата, но во моментов мислите ми се само за следниот меч. А, и не зависи само од мене. Добар тренер е само тој со добри резултати“, вели Јаневски.

Вардаровата легенда, член на златната генерација од 1987 година беше дел од историскиот тим кој во 2017 играше групна фаза во Лига Европа, како тренер, кој три дена пред двомечот со Фенербахче седна на клупата на црвено-црните и успеа да ги однесе во европскиот крем во второто по ранг натпреварување на Стариот континент.