
Историја во Бачка Топола: Мирчевски со ТСЦ ќе играат квалификации за ЛШ!
ТСЦ во последното коло одигра 1-1 против Војводина, откако Илиќ најпрво погоди за домаќините од пенал во 66. минута, а потоа Чумиќ го постави конечниот резултат.
Екипата на Мирчевски има 75 бодови на втората позиција, исто колку и Чукарички, но поради подобра позиција во регуларниот дел од сезоната, го освои второто место кое им носи место во квалификациите за ЛШ.
Мирчевски ја заврши сезоната во дресот на ТСЦ со седум голови и две асистенции.