Хрватски фудбалер се онесвести среде меч, па на помош дотрча – девојка му (ФОТО)

Фудбалерот на хрватскиот второлигаш Рудеж, Доминик Павловиќ, по судир со противнички игра на средбата со Јарун заврши без свест на тревата, по што, неочекувано, на теренот втрча неговата – подобра половина.

Ситуацијата делуваше драматично, поради што девојката на павловиќ без никакво размислување ја напушти трибината и загрижено дојде до своето момче, гледајќи со неверување како лекарите се трудат да му помогнат.

За време на паузата, несреќната девојка беше тешена од судијата Иван Бебек, а откако фудбалерот на Рудеж се освести, таа седеше со него крај аут-линијата. Нејзината загриженост предизвика одушевување кај присутните на трибините, кои громогласно ја поздравија, откако стана јасно дека нејзиното момче нема да има никакви проблеми по непријатниот инцидент.