Голем гест на нашиот Младеновски - со подарок расплака навивачка на Вараждин (ФОТО)
Младеновски на последниот натпревар во сезоната ѝ подари дрес на навивачка, која се расплака од среќа и објави статус на социјалните мрежи.
„Понекогаш останувате без зборови. На последниот меч во сезоната доживеав изненадување кое ќе го паметам цел живот. Голема благодарност до Марио Младеновски на прекрасниот гест и дресот кои ми значат повеќе отколку што можам да опишам со зборови“, пишува навивачката на социјалните мрежи.

Фото: NK Varaždin