Гатузо нападна коментатор: Премногу зборуваш и немаш почит! (ВИДЕО)

Хајдук Сплит го загуби дербито од Риека (0-3), а по натпреварот италијанскиот тренер Џенаро Гатузо имаше што да му каже на стручниот коментатор на „МаксСпорт“, Јошко Јеличиќ.

Гатузо вербално го нападна коментаторот и му кажа дека премногу зборува, а притоа не почитува никого.

„Не сакам да се поздравам со тебе. Играше фудбал и разбираш вакви ситуации. Секогаш зборуваш лошо за фудбалерите, немам почит за тебе“, кажа Гатузо.

Јеличиќ потоа му одговори на Гатузо и продолжи жестоката караница. Гатузо ги загуби нервите и тргна кон коментаторот, по што водителката Валентина Милетиќ успеа да спречи ескалација на ситуацијата.