Гатузо купил подароци за фудбалерите на Хајдук по победата над Динамо Загреб!

Џенаро Гатузо го одржа ветувањето кое им го дал на фудбалерите на Хајдук пред дербито против Динамо Загреб, италијанскиот стратег го одврзал кесето и им купил подароци.

Според хрватските медиуми Гатузо им ветил нов ајфон на секој фудбалер, тоа и го направил, купил вкупно 30, имало за секој играч и за членовите од стручниот штаб. Италијанецот потрошил преку 30.000 евра за ова.

И покрај лошата атмосфера и турбуленции во раководството на Хајдук, Гатузо и фудбалерите имаат одличен однос, тоа тој го потенцираше по вчерашната победа.

„Зад себе имам 400 натпревари како тренер на големи клубови, имам искуство и почувствував дека овие играчи ми го дадоа срцето и раката и ја не смеам да ги разочарам и нема да ги разочарам. Затоа нема да си заминам. Би бил гомно и мал човек доколку сега ги напуштам овие играчи“, рече Гатузо вчера.

Хајдук со гол на Ливаја со 1-0 го победи Динамо Загреб на Максимир.