
Галатасарај го врати ударот – го прикажа Мурињо во лудачка кошула (ВИДЕО)
Турскиот гигант објави анимирано видео во кое тренерот на Фенербахче е прикажан во лудачка кошула, испраќајќи јасна порака по бурниот четвртфинален дуел од Купот на Турција. Инцидентот се случи во завршницата на мечот, кога Галатасарај славеше со 2-1, а тензиите на клупите доведоа до три црвени картони. Во еден момент, Мурињо го фати Бурук за нос, што предизвика силни реакции во турската фудбалска јавност.
Поранешниот репрезентативец на Турција, Нихат Кахвеџи, го критикуваше Мурињо и потсети дека Фенербахче направил чуден избор менувајќи го тренерот кој освои 99 бодови минатата сезона.
„Ова е првпат да видам некој тренер да штипе нос на противник! Што значи ова? Зошто би го направил тоа? Неуспехот не може да се сокрие со вакви постапки“, изјави Кахвеџи.