Фудбалер на Звезда сериозно тврди: Ќе докажам дека сум подобар од Јамал!
Максимовиќ го носи прекарот „српскиот Меси“, а очигледно и тој самиот е полн со самодоверба пред натпреварот.
Со Јамал веќе еднаш беше на теренот кога се соочија на Европското првенство летово.
„Се сретнавме на Европското првенство. Одличен фудбалер, тука е и Кубрси. Тие се моја генерација, утре ќе излезам и ќе покажам дека сум подобар од него (Јамал).
Планирам да ги размениме дресовите на крајот“, изјави Максимовиќ.
Го истакна Максимовиќ и значењето на европските натпревари.
„Против Интер ми беше деби и тука видов дека можам да играм големи натпревари. Против Монако не изгледаше натпреварот онака како што замисливме, но утре ќе биде мојот најсилен противник...Се чувствуваме подготвени, пред нашата публика се е можно“, порача Максимовиќ.
Натпреварот на „Рајко Митиќ“ се игра во терминот од 21:00 часот.