Фудбалер на Хајдук ја има најсексапилната мајка – личи како да му е сестра, а веќе е баба (ФОТО)
Станува збор за Блерта Дајаки, косовско-албанска манекенка, која личи како да има 20 години, а веќе е во петтата деценија од животот. Таа плени со својата сексапилност, никој не би помислил дека има толку голем син, а таа всушност од неодамна е и баба со оглед што Леон пред неколку месеци доби ќерка. Таа се уште работи како модел, има свој козметички бренд и 21.000 следачи на Инстаграм, каде што споделува фотографии од престојот во места како Дубаи, Парис, Малдиви...
Нејзиниот син Леон, пак, сезонава одигра три средби во дресот на „билите“, додека во минатиот шампионат настапи на 23 меча на кои постигна четири голови со три асистенции. Тој има германско државјанство и бундеслигашка титула со Баерн Минхен во сезоната 2019/20, кога настапи на две средби за Баварците.