Екипата на Олимпијакос вечерва го игра натпреварот од 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите (ЛШ) против Нефчи Баку и тоа пред 10.000 френетични навивачи, кои првпат се најдоа на трибините по пауза од дури 16 месеци поради пандемијата со коронавирусот.

Во таа „чест“, тие приредија спектакуларно пиротехничко шоу, со што буквално го запалија стадионот, дури и покрај фактот што тој не беше исполнет до крај како во некои претходни времиња.

Атмосферата е пеколна, а грчкиот шампион води со 1-0 по првото полувреме, во кое остана и со фудбалер помалку.