
Емини за пет дена го победи коронавирусот!
Емини, кој е член на косовска Дрита е поранешен фудбалер на Ренова и Шкендија, а играше и во албански Кукс. Во сезоната 2014/15 во дресот на Ренова беше најдобар стрелец во Македонија, а пред една недела падна на корона-тестот, кој мораше да го направи пред да се врати на тренинзите во својот косовски тим. Емини со блага температура и болки во грлото, првично не верувал дека го има новиот вирус, но тестовите тоа го покажале.
„Би сакал да ви заблагодарам на сите што бевте со мене во овој период и од срце сум ви благодарен засекогаш. Пред два дена направив нов тест и тој е негативен“, објави Емини.
Македонскиот интернационалец сега добива зелено светло за да му се приклучи на својот тим и да почне со подготовките за рестарт на сезоната.