Еден од терените за тренинг на Динамо Загреб ќе се нарекува - Лука Модриќ!

Динамо Загреб во период од 11 до 17 април им овозможи на навивачите да гласаат за новото име на еден од терените за тренинг, а најмногу гласови доби Лука Модриќ.

Навивачите можеа да гласаат за Модриќ, Звонимир Бобан, Роберт Просинечки и Матео Ковачиќ, но најмногу гласови, односно 44,91 отсто беа за поранешниот фудбалер на Динамо и ѕвезда на Реал Мадрид.