Дарко Тасевски по дведецениска кариера објави фудбалска пензија
Тасевски, кој е вардарово дете, преку Цементарница и Вардар изгради богата интернационална кариера, играше за укрински Металург Запорожје (2005-07), Левски Софија (2007-2012), израелски Макаби Кират Шмона (2012/13), тајландските Бангкокг Глас, Супханбури и Кон Каен од 2014 до 2018 година, а во последните четири години беше дел од софисла Славија.
„Благодарам за големата авантура и убавите спомени“, објави Тасевски.
Фудбалерот за врска за Македонија дебитираше во 2005 година, а во 45-те настапи даде еден гол против Словенија во пријателски меч во победата со 3-2 на 14 ноември 2012 година.