Ц. Звезда оштетена - судијата требаше да го исклучи партизановиот голман! (ВИДЕО)

Неколку контроверзни ситуации беа забележани во полуфиналниот натпревар од Купот на Србија помеѓу Партизан и Црвена звезда кој заврши во корист на „црно-белите“ за ново финале.

Но, дамка на мечот ќе остане 44. минута кога Владимир Стојковиќ излезе од својот гол се со цел да спречи една ветувачка акција на Црвена звезда, а откако напаѓачот на „црвено-блите“ дојде прв до топката, српскиот голман со лизгачки старт спречи евентуален погодок.

Голманот на Партизан заработи само жолт картон, иако многумина сметаат дека заслужуваше црвен картон за непромислениот старт.