
Црвена Звезда на седум кола пред крајот ја осигура осмата титула по ред во Србија!
„Црвено-белите“ го решија прашањето на победникот уште во првите 11 минути од натпреварот на стадионот „Рајко Митиќ“, во кои постигнаа три гола. Црвена звезда имаше уште неколку шанси за повисока победа, додека противникот почесниот погодок го постигна на две минути пред крајот.
Белграѓани по 30 кола имаат 86 бодови, односно 28 победи и две нерешени средби, со 23 бода повеќе од второпласираниот Партизан пред последниот еднокружен систем во кој ќе настапат најдобрите осум тима во лигата. Ова е вкупно 36. титула за Ц. Звезда сметајќи ги и тие од поранешната заедничка држава.
ФОТО: EPA PHOTO