Бурно во Косово: Селекторот избрка тројца фудбалери од репрезентацијата!

Поразот од Романија од 3-0 на стартот од Лигата на Нации донесе проблеми во репрезентацијата на Косово од каде што потврдија дека тројца фудбалери се отстранети од репрезентацијата.

Селекторот Франко Фода одлучи дел од националниот тим повеќе да не бидат, Аријанет Муриќ, Едон Женгрова и Флорент Муслија.

„Во одлука со селекторот Франко Фода тројцата фудбалери Муриќ, Женгрова и Муслија се отстранети од националниот тим поради прекршување дисциплински правила“, објавија од Фудбалската федерација на Косово.

Во овој момент не се откриваат детали како тројцата фудбалери ги прекршиле правилата.