Бугарски талент добил здрав ќотек од обезбедување во ноќен клуб ама по грешка!?
Василев добил модринки по целото тело и скршен нос, откако еден од обезбедувањето го урдил и го патосирал, а потоа уште неколкумина го клоцале, пред да го изнесат од ноќниот клуб, кога сфатиле дека всушност не е човекот што сакале да го тепаат.
„Со пријатели се собравме во дискотека и во еден момент дојде еден од обезбедувањето, ме грабна за рака и тргна да ме влече кон излезот за да ме исфрли. Само ми рече: 'колку пати ќе ти кажам да не лежиш на масата'. Не сфаќав што ми зборува и сакав да ја оттгнам раката, кога добив удар во глава. Паднав на земја, а потоа почувствував удари со нога по целото тело. После некое време само ме кренаа и ме влечеа кон излезот и следно беше удар во носот од друг човек од обезбедувањето. Не можев ни да се бранам“, рекол Василев.
Кога стигнале до излезот од обезбедувањето сфатиле дека погрешиле, дека предупредувањето што го дале на човекот кој правел „мали проблеми“ не е истиот со натепаниот.
Тоа што е најлудо е фактот дека Мартин Величков, втор фудбалер во Бугарија три дена пред Василев исто така бил натепан од обезбедување во ноќен клуб и завршил во болница со напукнат нос и со модрици по главата и телото.