Бркотница и по некој бокс на фудбалски меч во Србија (ВИДЕО)

По крајот на натпреварот од Втората српска лига меѓу Вршац и Вождовац кој заврши 1-1, следуваше тепачка меѓу фудбалерите на двата тима која за среќа не прерасна во сериозна пресметка.

Веднаш по последниот судиски свиреж, фудбалерите на двата тима влегоа во конфронтација. Прво се чинеше дека ќе се заврши на вербална расправија и кога се веруваше дека страстите се смирија, тогаш почна најжестокиот дел.

Следуваше бркотница и по некој бокс од двете страни. На теренот сепак имаше доволно присебни луѓе, па инцидентот не траеше долго.