Беше идол на нацијата и заработуваше милиони, сега е без заби и живее со мајка му (ВИДЕО)
Поранешниот репрезентативец на Романија, кој одигра 40 натпревари за својата земја и имаше успешна кариера во Турција и Кина, по повеќе од 200 настапи за Стеауа, сега живее во ептен тешка ситуација. И покрај заработените милиони, Танасе преку ноќ остана без сопругата, пријателите и парите. Беше во брак со Адрина Марија, со која имаат ќерка, но поради неговите пороци, бракот пропадна, а на крајот дури и му беше забрането да ја гледа својата ќерка. Еден од пороците на Танасе беше алкохолот, а при рутинска полициска контрола беше утврдено дека користел и кокаин.
Мајката на Танасе, која сега го издржува, се огласи јавно, изразувајќи разочарување и потврдувајќи дека била главен поддржувач во неговото и животот на неговата поранешна сопруга и ќерка. Таа изјави дека токму Танасе бил нивниот основен извор на приходи, но сега целосно се потпира на нејзината финансиска поддршка.
Во последно време, Танасе е виден без предните заби, тврдејќи дека самиот ги извадил бидејќи биле расипани.