Динамо Загреб денеска го одигра последното сезонско коло и тоа на домашен терен против најголемиот ривал Хајдук. „Модрите“ титулата ја обезбедија уште минатото коло, па денеска навивачите се подготвуваа за фешта, која не помина баш најдобро. 

Во второто полувреме, кога Бед блу бојс почнаа да палат факели и да прават големо пиротехничко шоу случајно си го запалија главното знаме, кое се простира по цела нивна трибина. Мораше да интервенира пожарната и натпреварот беше во прекин долго време. За среќа немаше повредени при пожарот, но им останува срамот на БББ, кои мораа да бидат повнимателни.