Бабунски со асистенција ја запечати убедливата победа на Виторул (ВИДЕО)

Поранешниот македонски репрезентативец Давид Бабунски кој од зимоска е дел од Виторул Костанца, денеска со асистенција придонесе за заверка на убедливата победа на неговиот тим на гостувањето кај Поли Јаши со 3-0.

Бабунски во игра влезе во 75-та минута на местото на двојниот стрелец Чиобану, кој со два гола од пенали ја обезбеди практично победата, па во 91-та минута му асистираше на Бразилецот Жоалисон за убедливите 3-0.

Бабунски во Виторул дојде од Ботошани, но на последните четири меча е резерва и добива шанса во завршницата, а еден го преседе комплетно на клупата за резерви. Сѐ уште нема гол за новиот клуб кој го засили во зимскиот преоден рок.

Виторул има 22 бода во плејаут групата и е четврти одзади, на три бода од УТА АРАд кој е при врвот во оваа плејоф група, а шест од претпоследниот тим Херманштад.