Атанасов најави добра полусезона во Хајдук – даде гол на првата контролка за „билите“ (ВИДЕО)

Младинскиот македонски репрезентативец Јани Атанасов добро ја започна новата 2021 година, откако денеска даде гол на првиот контролен меч на зимските подготовки за сплитски Хајдук во триумфот со 3-2 против Солин.

Атанасов после нешто повеќе од еден час игра го постигна третиот гол за „билите“ и тоа со глава после одличен центаршут, што е најава за добра втора полусезона на македонскиот фудбалер за врска на „Пољуд“. Тој во последниот меч од есенскиот гол го постигна својот деби гол за Хајдук, откако летоска потпиша двегодишен договор за овој клуб, доаѓајќи како слободен играч после ракинувањето на соработката со турска Бурса.

Голот на Атанасов може да го погледнете на 1:47:40 од видеото.