Адеми и Динамо шокирани: Риека го освои хрватскиот Куп!

Македонскиот интернационалец Аријан Адеми и неговата екипа Динамо Загреб не успеаа да го освојат трофејот во хрватскиот Куп, откако загубија од Риека со 1-3.

Риека го почна одлично натпреварот, па по само 13 минути ја затресе мрежата на Чолак, додека до крајот на првото полувреме Халиловиќ зголеми на 2-0.

Во второто полувреме Динамо се обиде да се врати во игра, откако погоди преку Орсиќ во 63. минута за 1-2, а десет минути подоцна Олмо имаше шанса да израмни, но не реализираше пенал.

Во финишот од мечот Динамо беше „нокаутиран“ со уште еден погодок, откако Кврзиќ во 84. минута ги постави конечните 3-1 за Риека.