Словенката Превц плачеше поради „украденото“ злато на ЗОИ во Милано и Кортина (ФОТО)

Словенечката ски-скокачка, Ника Превц (20), не успеа да ги задржи солзите, откако неочекувано остана без златниот медал на натпреварот на малата скокалница на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, иако важеше за апсолутна фаворитка.

Таа беше поразена за само 1,1 поен од Норвежанката Ана Один Стром, која собра 267,3 поени со скокови од 100 и 101 метар на натпреварот во Предац. По последниот скок на ривалката, камерата ја улови Ника со солзи во очите, скршена од сознанието дека златото ѝ избега за нијанса. Разочарувањето беше очигледно и за време на доделувањето на медалите. Иако освои сребро, Превц не успеа да ја сокрие тагата – беше јасно дека ова одличје не ѝ е доволно и дека очекуваше многу повеќе од себе.

Ова е првата олимписка медала во кариерата на двократната освојувачка на Светскиот куп, која беше и знаменосец на Словенија на свеченото отворање на Игрите, заедно со својот брат Домен Превц. Ника ќе има нова шанса за злато веќе на 15 февруари, кога е на програмата натпреварот на големата скокалница, а уште во вторник ќе настапи и во мешаната конкуренција, токму со братот Домен – можност за искупување и нов обид да се искачи на највисокото скалило.