Роналдо би можел да ја напушти С. Арабија: Четири екипи ќе се борат за неговиот потпис!

Кристијано Роналдо е блиску до заминување од Саудиска Арабија поради лошите односи со управата на Ал-Наср затоа што не е задоволен од клупската политика за засилувања, а четири екипи се подготвени да се борат за неговиот потпис.

Роналдо има договор до 2027 година со Ал-Наср, но би можел да замине идното лето од С: Арабија, а како еден од главните кандидати за Спортинг Лисабон, каде што играше на почетокот на кариерата.

Има уште четири опции за својата иднина, според светските медиуми, а тоа се Комо, Интер Мајами и Манчестер јунајтед.

Како најмалку веројатна опција се споменува враќање кај „црвените ѓаволи“ затоа што не е во добри односи откако го прекина договорот со Јунајтед и замина во Ал-Наср.

Фото: Facebook/Al-Nassr