Легендарниот ски-скокач Шлиренцауер ја заврши кариерата на 31 година

Австрискиот ски-скокач Грегор Шлиренцауер реши да стави крај на својата професионална кариера.

Австриецот важи за еден од најдобрите на сите времиња, но очигледно повеќе нема мотиви да се натпреварува.

„Не беше лесно да ставам крај на кариерата по сето она што го доживеав како спортист, но одлуката ми делува исправна и е во вистинско време“, изјави Шлиренцауер. „Изминативе неколку месеци беа предизвикувачки за мене. На позитивен начин. Паузата поради повреда ми даде време да се дистанцирам од работите и да погледнам кон минатото и да видам каде сум сега“, додаде ски-скокачот.

Шлиренцауер има 53 индивидуални победи во Светскиот куп во ски-скокови што го освои два пати во 2009 и 2013 година. Два пати ја освои и новогодишнта турнјеа „Четири скокалници“ во 2012 и 2013 година. На Светските првенства освои шест златни медали, пет сребрени и една бронза во индивидуална и екипна конкуренција. Стигна до уште четири злата и едно сребро во ски-летови, а имаше и огромни успеси на Зимските олимпијади со едно злато, едно сребро и два бронзени медали.