Велосипедист водеше цела трка, а на крајот ја промаши целта (ВИДЕО)

Словенечкиот велосипедист Примож Роглиќ ги насмеа љубителите на спортот со неговиот потег на крајот на трката во Баскија кога ја промаши целта.

Роглиќ на патеката долга 10 километри славеше со време од 12 минути и 34 секунди, а ќе имаше и подобро време доколку не се случеше бизарна ситуација на патеката.

За Роглиќ ова беше 81. триумф во професионалната кариера и петта етапна победа на патеката по Баскија.