Ужасна несреќа на стартот од трката „Тур де Поланд (ВИДЕО)

Стравична несреќа се случи на првиот дел од велосипедската трка „Тур де Поланд“, откако, во самиот финиш, во борба за подобар пласман настрада Фабио Јакобсен, кој со голема брзина удри во заштитната ограда.

Неговите повреди беа сериозни и тој веднаш беше префрлен во болница со хеликоптер. Првичните информации се дека неговата состојба е стабилна.