
Тажен ден за велосипедизмот: Почина еден од најдобрите во историјата
Ван Лој активен на велосипедските патеки беше помеѓу 50-тите и 60-тите години на минатиот век, а во историјата влезе како првиот кој победил на сите пет еднодневни калсици (Милано-Сан Ремо, Трр Фландрија, Париз Рубер, Лијеж-Бастоњ-Лијеж и Џиро Д'Ломбардија). Со тој успех може да се пофалат само уште неговите сонародници Еди Меркс и Роже Де Вламинк.
Низ кариерата Ван Лој славеше на 37 етапи на најголемите натпреварувања (Тур де Франс, Џиро Д'Италија, Вуелта), а свои златни медали на Олимписките игри в о 1952 година во Хелсинки и светските првенства во 1960 и 1961 година.
Вкупно во професионалната кариера успеа да дојде до 371. победа.