Црна Гора го потопи светскиот шампион и обезбеди пласман во полуфинале!

Ватерполистите на Црна Гора се пласираа во полуфиналето на Европското првенство, откако го совладаа актуелниот светски првак, селекцијата на Италија со 10-8 (3-3, 4-3, 2-1, 1-1).

По првата четвртина која заврши 3-3, Црногорците ја добија втората со 2-1 пред се поради одличната одбрана и дисциплината во нападот. Во третиот период Црна Гора одигра за нијанса подобро во нападот и успеа да замине на пауза со два позитива која на крајот и донесе голема победа и место меѓу четирите најдобри.

Најефикасен во победничкиот тим беше Марко Петровиќ со четири гола, додека на спротивната страна Николо Фигари постигна два гола.

Црна Гора во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Унгарија и Русија, а преостанатите две четвртфиналиња се Србија-Шпанија (18:15 часот) и Хрватска-Грција (20:30 часот).