Втор триумф по ред за Ѓорческа на турнирот во Белград

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа запиша втор триумф денеска на турнирот на Источно-европскиот шампионат, кој се одржува во Белгра, а нејзина „жртва“ беше Тијана Сретеновиќ.

Ѓорческа не дозволи изненадување од страна на Србинката, па го доби мечот со 7-5 и 6-4 во сетови, со што се израмни на табелата во групата Ц со Викторија Томова со по две победи.

Во следното коло, македонската тенисерка ќе се пресмета против Турчинката Чемре Анил.