„Тренирав со Ѓоковиќ кога бев 600-ти во светот, но и тогаш ме почитуваше“

Новак Ѓоковиќ во неделата го освои својот деветти трофеј на Австралија опен откако во големото финале во три сета го совлада Данил Медведев.

Русинот по мечот изјави дека секогаш го почитувал Србинот, особено бидејќи Ѓоковиќ му бил пријател и кога ја почнувал кариерата.

„Тренирав со Новак кога бев на 600-то место на АТП ранг-листата, а тој само што го имаше освоено Вимблдон“, вели Медведев. „Бев срамежив па речиси и да не прозборев збор, но тој постојано ми поставуваше прашања и разговараше со мене како вистински пријатели и навистина бев изненаден. Меѓу нас не се смени ништо, без разлика дали сум 600-ти во светот или четврти. Тој е одличен спортисти и личност“, изјави Русинот.