
Тотално лудило на УС Опен: Медведев се крена од бездната, беснееше, па загуби добиен меч (ВИДЕО)
Бонзи славеше со 3-2 (6-3, 7-5, 6-7, 0-6, 6-4), но она што се случуваше на теренот тешко се опишува со зборови. Французинот можеше многу лесно да ја заврши работата во три сета, водеше со 2-0 и имаше меч-топка, но се случи момент каков ретко се гледа на големите турнири.
Го промаши првиот сервис, но еден фотограф помисли дека е крај и влезе на теренот. Судијата Грег Аленсворт му додели прв сервис на Бонзи по што Медведев полуде, почна да се расправа со судијата и со публиката, прекинот траеше шест минути, а потоа предизвика огромен пресврт. Од тој момент Медведев освои десет гема во низа и од заубена ситуација дојде до израмнување на 2-2.
И во петтиот сет повторно драма. Бонзи два пати загуби свој сервис, но во двата случаја успеа да направи рибрејк за потоа во десеттиот гем да освои сервис на Медведев и да дојде до победата која го носи во второто коло од УС Опен. Таму ќе се сретне со Гирон од САД кој го победи Навоне со 3-2.