Тенисерка го прифати фудбалскиот предизвик, па ја нокаутира мајка си со – тоалетна хартија (ВИДЕО)

Згодната британска тенисерка Кејти Болтер во екот на карантинот поради пандемијата со коронавирусот го прифати предизвикот на фудбалерите да жонглира во домашни услови со најбараниот производ низ светот – тоалетната хардија.

И Болтер почна да жонглира, ама од предизвикот на крај настрада – нејзината мајка. Таа ѝ го снимаше подвигот за на крај да добие нокаут, па после ударот видеото се прекина. Болтер на крај реши да го сподели моментот и да ѝ се извини на мајка си.