Таткото на Ѓоковиќ одговори на нападите врз Новак и уште повеќе ги разбесни косовските политичари!

Амбасадорот на Косово во Бугарија, Едон Кана, преку Твитер брутално го навреди најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, поради што следуваше остра реакција од неговиот татко Срѓан.

Срѓан Ѓоковиќ утрово гостуваше на една српска телевизија, каде говореше за успехот на Србија на АТП Купот во Австралија, но и за навредите од страна на амбасадорот кој го нарече Новак „примитивец, заостанат и класичен балкански националист и шовинист“.

Од каде и да сте... Новак е националист, се разбира, како што и повеќето луѓе во оваа земја. Тоа не е грдо! Ние ги сакаме нашите луѓе и нашата земја, но не ги мразиме другите народи и другите земји. Вие сте во нашата земја и, знаете, тоа е наша света земја, како што е за Евреите - Ерусалим. Затоа, ние секогаш ќе бидеме со нашето Косово и нашиот народ таму долу. Мислете дека нешто ќе се промени за десет, дваесет, сто или илјада години. Косово секогаш ќе биде срцето на Србија. Како што е сега, така ќе биде и засекогаш, истакна Срѓан Ѓоковиќ.