Струмичанец наслика портрет на Надал - тенисерот гордо се пофали! (ФОТО)

Македонскиот сликар Митко Тошев подготвил неверојатно изненадување за еден од најдобрите тенисери во историјата, Рафаел Надал, кој бил воодушевен од портретот.

Тошев има голем талент за цртање портрети, па реши да го нацрта Надал, а сликата своето место ќе го пронајде во Спортскиот центар и музеј на Шпанецот во Мајорка, Шпанија.

„Ми беше огромна чест и задоволство да го изработам портретот на еден од најдобрите тенисери во историјата, а уште поголема чест е тоа што Надал се сликаше со моето уметничко дело“, кажа Тошев.


Извор: Струмицаденес.мк