Српскиот тенисер кој беше застрелан во Америка: Едвај преживеав!

Тенисерот од Србија, Лука Стојановиќ на 13 мај годинава бил застрелан во Америка, по што почна неговата тешка битка за животот.

Стојановиќ испрати порака преку социјалните мрежи и се заблагодари за помошта која ја добива од луѓето.

„Во претходните 30 дена поминав низ пекол. Бев застрелан и едвај преживеав по неколку операции. Добив голема поддршка во претходните месеци, а рехабилитацијата во моментов оди во добар правец. За жал, по операцијата ми остана долг од 310.000 долари од кои 80 отсто ќе плати осигурувањето, а остатокот морам да го платам јас. Во моментов само со донирање може да ми се помогне, ви благодарам на сите“, напиша Србинот.