Српски инает: Типсаревиќ спектакуларно замина во пензија – спаси девет меч-топки! (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Јанко Типсаревиќ го одигра својот последен професионален меч на АТП-турнирот во Стокхолм и по епска битка и три часа тенис со Јапонецот Сугита, загуби во три сета со 2-6, 6-4, 6-7.

Сепак, Србинот својата кариера ја заврши на спектакуларен начин, воодушевувајќи ја целата тениска јавност. На мечот успеа да спаси дури – девет меч топки. Сугита дури од десетата стигна до победата. Вакво нешто не му успеало ни на Новак Ѓоковиќ, ниту на Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Типсаревиќ во третиот сет при 4-5, спаси пет меч топки, а потоа во следниот гем на негов сервис, спаси уште четири за да остане во мечот, но тајбрејкот го загуби и со тоа заврши кариерата на вториот најдобар српски тенисер по Ѓоковиќ. Останува засега неизвесно, дали ќе игра само во Дејвис купот за Србија.